Поврзете се со нас

Англија

Арсенал тргнал во офанзива за напаѓач на Челси

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Микел Артета и менаџментот на Арсенал веќе ја планираат следната сезона на „топчиите“, а одамна е јасно дека ќе биде ангажиран најмалку еден квалитетен напаѓач.

Честите повреди во некои моменти го оставија Арсенал без класичен напаѓач, сценарио кое лондонскиот клуб сака да го избегне следната сезона, а еден од фаворитите на Артета е Кристофер Нкунку.

Актуелниот член на градскиот ривал Челси е отворен за трансфер во летниот преоден рок и се чини дека клубот нема да му прави проблеми за соодветна трансфер сума, а менаџерот на Арсенал е убеден дека поседува квалитети со кои може да се адаптира во неговата тактика.

Нкунку дојде во Челси во 2023 година во трансфер вреден 52 милиони фунти, но не успеа да го повтори ефектот кој го имаше во дресот на РБ Лајпциг и сезонава има ограничена минутажа кај менаџерот Енцо Мареска.

Единствен услов на Французинот е да добие гаранција дека ќе игра почесто, но Арсенал ќе мора да се соочи и со одредена конкуренција на клубови од други земји, кои исто така се интересираат за Нкунку.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни