Општо

Потврдена смртта на членови на бендот ДНК

Автор: Игор Смилевски

16 март 2025, 15:36

Потврдена смртта на членови на бендот ДНК

Depositphotos

Игор Смилевски
Новинар

Андреј Ѓорѓиески еден од двајцата пејачи на популарната македонска музичка група ДНК е меѓу загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот.

Од него на социјалните мрежи веќе се простуваат многу колеги од естрадата, а меѓу нив се приклучи и Македонскиот народен театар (МНТ).

Во меѓувреме, од општина Штип официјално потврдија дека во несреќата во дискотеката „Пулс“ загинати се пет лица од градот, од кои три деца. 

Како што изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, двајцата возрасни се директорот на Центарот за култура, Филип Стевановски и вработен во основното училиште „Ванчо Прќе“ кои свиреле во бендот ДНК.

Покрај нив тројца, потврдена е смртта и на Сара Пројковска, придружен вокал во бендот, за чија смрт објави Факултетот за музичка уметност во Скопје. Од музичарите кои настапувале на сцената во турканицата и огнената стихија загинаа и тапанарот Горги Горгиев, тонецот Игор Велков и бит-боксерот Мартин Атанасовски - Буцо.

Вториот вокалист на ДНК, Владимир Блажевски Панчо е хоспитализиран со изгореници и е вон животна опасност.

Потврдена е и смртта на фудбалерот на скопскиот фудбалски клуб „Шкупи“, Андреј Лазаров.

„Иако претходно имавме информации од членовите на неговото семејство дека е добро, со длабока болка и голема тага, соопштуваме дека нашиот фудбалер Андреј Лазаров е потврден меѓу настраданите во трагичниот пожар што синоќа се случи во Кочани.

Тој имаше херојски дух и го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да побегнат од пожарот. Беше задушен од чад при обидите да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последен момент“, се наведува во официјалното соопштение на фудбалскиот клуб. 

Во трагедијата во кочанската дискотека, меѓу загинатите е и Александар Ефремов, талентиран, млад фотограф од Штип, кој ги следел настапите на групата ДНК низ Македонија.

Во синоќешниот пожар во Кочани, според последните информации што ги објави МВР, починале 59 лица, а 155 се повредени. Пожарот избувна за време на концерт на бендот ДНК предизвикан од пиротехнички средства кои биле дел од сценографијата на настапот.

Животот го загубил и полицаец од Пробиштип, кој бил на должност, работејќи на сузбивање на нелегална трговија со дрога и присуство на малолетници во клубот.

За четири лица беше распишана централна потерница, а досега извршени се разговори со десет хоспитализирани лица, како и со еден од членовите на групата ДНК.

 

 

 

 

Ажурирано со потврда за смртта на уште тројца членови од бендот ДНК

Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...

Сите новости од рубриката Политика

Политика

Општини со долгови, банкари со дебели сметки, свет со преголеми царини - пет вести
Општо

Општини со долгови, банкари со дебели сметки, свет со преголеми царини - пет вести

Уште една успешна конференција е зад нас. Овој пат „Блумберг Адрија“ собра на сцената голем дел од успешните, кои споделија искуство и планови на темата „Потрошувачки трендови“.

05.06.2025

Автор: Мирјана Јовеска

сите новости од рубриката Политика

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите