Успешно претставување на македонското вино на најголемиот вински саем во светот „Prowein“

Објавено во: Економија 24 Март, 2023 13:06
Дванаесет македонски винарници ги претставија своите вина на „Prowein“ -најголемиот вински настан во светот, кој се одржа од 19 до 21 март 2023 во Дизелдорф.
„Prowein“е еден од најпрестижните саеми во светот кадешто компаниите воспоставуваат и одржуваат деловни односи со меѓународни соработници и увозници. На овој саем се претставуваат извозно ориентирани винарници, чие производство ги задоволува потребите за пласман на странските пазари во однос на квалитетот на виното и бараните количини.
Бројните посетители искажаа задоволство и интерес за понудата и квалитетот на нашите вина кои беа изложени на заедничкиот штанд. Таму беа присутни вината на „Тиквеш“, „TikvesCheataux&Domaines”, „Стоби“, „Камник“, „Бовин“, „Венец“, „Шато Сопот“, „Милев“, „Далвина“, „Езимит“, „Попов“ и „Имако“.
Ова се само дел од нашите извозни компании кои се вистински амбасадори на нашата држава. Над 80 отсто од произведеното вино се извезува додека вредноста на извезеното вино во 2022 е околу 58 милиони евра со што виното е значаен учесник во трговската размена и придонесува кон економскиот развој на државата.Од година во година расте учеството на извезено вино во шишиња на сметка на наливното вино, расте просечната цена на извезен литар, што значи дека напорите за промена на стратегијата на секторот вродуваат со плод и се гради имиџот на државата како винска земја.
Во официјалната програма на саемот нашите вина од сортата Вранец беа претставени на мастеркласот „Вранец: Откривање на најдобро сочуваната тајна во винскиот свет“ презентиран од страна на Керолајн Гилби (Caroline Gilby)Master of Wine. Делод посетителите за прв пат ја пробаа оваа сорта која е наша перјаница и гордост на винската индустрија. Настанот го посети и македонскиот амбасадор во Берлин, Васко Грков; директорот на саемот, Питер Шмиц (Peter Schmitz).
Заедничкиот штанд и претставувањето на овие винарници беше организираноод Здружението „Вина од Македонија“, со финансискаподдршка од винариницте и од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија.
На „Prowein“годинава присуствуваа 49.000 посетители од 141 земја кои имаа можност да посетат околу 6.000 изложувачи од повеќе од 60 земји. Повеќе од 65 отсто од посетителите беа лица кои се вклучени во набавки на вино. Преку богатата програма на различни содржини, дегустации и мастеркласови, производителите на вино и алкохолни пијалоци ги приближијасвоите понудина бројните купувачи, дистрибутери и увозници.
Можеби ќе ве интересира
Две фирми поврзани со Заеви први одбиени да произведуваат електрична енергија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Какви економски сили се Иран и Израел, колку извезуваат, што произведуваат, кому должат и колку трошат за војските?

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: еве кој ќе биде задолжен за субвенциите во секторот

„ТУРБО“ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ - ОХРИД: Николоски и Трајановски направија вонреден надзор

„ДА ГИ НАМАЛИМЕ ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ, ПАТНИ ТРОШОЦИ, ПАТУВАЊА НА ФУНКЦИОНЕРИ“... Најчевска со предлог како да се запре циклусот на задолжување

КОЈ Е КРИВ ЗА ТУРИСТИЧКИОТ ХАОС ВО ЕВРОПА? Оваа компанија обвинува дека е жртвено јагне

РАНГИРАЊЕ НА АМЕРИКАНСКО СПИСАНИЕ: Македонија позиционирана пред три скандинавски држави како добра дестинација за пензионери

БРИКС ИМА НОВА ЗЕМЈА ПАРТНЕР: Што ќе се смени во блокот?

ОВИЕ ЗЕМЈИ ЕКОНОМСКИ ЌЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ ДО 2039 ГОДИНА: На листата има и изненадувања
