• Иван Димовски
Антони, бразилскиот фудбалер кој во моментов настапува за Бетис, во интервју за „ТНТ Спортс“ откри детали од тешкиот период кој го помина како член на Манчестер Јунајтед. Отворено зборуваше за менталната борба и падот на мотивацијата додека беше дел од англискиот гигант.
„Поминав низ многу тежок период и веќе не ја чувствував таа радост. Му велев на брат ми: „Не можам повеќе, не издржувам’“ Тоа беа навистина тешки денови. Брат ми ми рече да издржам уште малку, дека работите ќе се сменат. Тоа многу ме погоди, ме растажи, затоа што беа навистина тешки денови за мене. Само јас знам како ми беше. Бев дома, без сила дури и да си играм со синот, поминував денови без да јадам, бев затворен во мојата соба…“, изјави Антони.
По неуспешната авантура на „Олд Трафорд“, Бразилецот се пресели во Бетис како позајмен играч во јануари и брзо се вклопи во тимот, враќајќи дел од старата форма која ја покажа во Ајакс. Се очекува да остане во редовите на шпанскиот клуб и следната сезона.