• Latest

Филипче: Владата води надворешна политика без компас и стратегија, од МНРиНТ реагираат дека не ја познава доволно меѓународната политика

February 26, 2025
фото: скриншот ДЗС

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на Стојанче и Мухамед Али?

July 10, 2025

Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

July 10, 2025

Ако вистината е злосторсво, тогаш сите сме злосторници, бидејќи молкот е она од што зависи тиранијата

July 10, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Членството во ЕУ е најсилна гаранција за заштита на идентитетот и јазикот

July 10, 2025
Фото/ Wikipedia commons

Европската комисија отпушти преведувач поради сомневање за шпионажа за Москва

July 10, 2025
EP Plenary session - Voting session / Photographer: Alexis HAULOT

Извештај на ЕП: Северна Македонија мора да ги забрза реформите во јавната администрација, управувањето, владеењето на правото и антикорупциската политика

July 10, 2025
Министерство за надворешни работи на Украина

Украинско МНР: Волинската трагедија бара заедничко сеќавање, не поделба, историскиот дијалог со Полска мора да биде одговорен и неполитизиран

July 10, 2025

Косово во невиден ризик по 26 јули, крајниот рок за конституирање на собранието

July 10, 2025
фото: Јовева

Jовева: ЕП, нема и никогаш нема да си земе за право да одлучува било што во врска со идентитет и јазик на било кој народ, па и на македонскиот

July 10, 2025
Фотградија: АРМ

Над 150 припадници на Армијата вклучени во гасењето на пожарите низ целата држава

July 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Филипче: Владата води надворешна политика без компас и стратегија, од МНРиНТ реагираат дека не ја познава доволно меѓународната политика

Според Филипче, многу помудро ќе беше земјава да даде поддршка и да гласа „за“ двете резолуции со што ќе испратеше порака дека има принципиелна и стабилна позиција којашто значи поддршка и кон Европската Унија и кон Соединетите Американски Држави.

February 26, 2025 15:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Конфузна, импровизирана и без компас“, ја оцени претседателот на СДСМ, Венко Филипче, надворешната политика што Владата ја води по последните случувања во Обединетите нации поврзани со резолуциите за Украина.

На денешната прес-конференција, Филипче истакна дека Владата го напушта курсот на Европската Унија и нејзините земји членки и со нејзиното неконзистентно однесување во надворешната политика делува како залутан играч на меѓународната сцена.

„Додека поголемите европски држави тактички балансираат помеѓу глобалните сили, Северна Македонија со својата недоследност ризикува да биде маргинализирана од европските политички кругови“, смета Филипче.

Доказ за тоа, вели Филипче, е воздржаното гласање за европската резолуција за Украина, со кое нашата земја се стави во несоодветно друштво, заедно со Гана, Бангладеш и Замбија, додека сите наши соседи гласаа „за“. Филипче упати и директно прашање до Владата: Што бара Северна Македонија во оваа група?

„Дали сме европска земја или сакаме да останеме во некоја геополитичка изолација? Со овие хаотични и неразбирливи одлуки, Северна Македонија испраќа порака дека нејзината надворешна политика е импровизација. Во глобалната политика, каде секој потег има значење, ваквата неодговорност не останува незабележана“, потенцира Филипче.

Дополнително, според Претседателот на СДСМ, конфузна е одлуката на Владата да ја коспонзорира резолуцијата предложена од Соединетите Американски Држави, а потоа да гласа воздржано. Ваквите потези, донесени врз основа на лични проценки на премиерот Христијан Мицкоски, покажуваат дека земјава нема стратегија и дека надворешната политика се води со импровизации, потенцира Филипче.

„Европската и резолуцијата на САД не се косат една со друга, тие се надополнуваат. Франција, Германија, Италија и многу други европски земји гласаа „за“ американската резолуција. Ако веќе сме биле коспонзори, зошто не сме гласале за неа? Ако сме целосно усогласени со европската надворешна политика, како што тврди Мицкоски, зошто гласавме спротивно од сите европски земји? Гласањето за двете резолуции ќе значеше јасен став дека поддржуваме постигнување на мир во Украина за што пократко време“, вели Филипче и додава дека наместо јасен став по овие прашања добивме одговор дека премиерот така одлучил.

Според Филипче, многу помудро ќе беше земјава да даде поддршка и да гласа „за“ двете резолуции со што ќе испратеше порака дека има принципиелна и стабилна позиција којашто значи поддршка и кон Европската Унија и кон Соединетите Американски Држави.

МНРиНТ: Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ) реагира на, како што се наведува во соопштението, „јавните напади на претседателот на СДСМ, Венко Филипче изнесени на денешната прес конференција, во текот на која изнесе низа навреди и произведе неодговорни и произволни заклучоци, со кои во основа покажа недоволно познавање на меѓународната политика и целосно ги запостави суштинските елементи кои го сочинуваат комплексниот процес при носење на одлуки од стратешко и глобално политичко значење“.

Очигледно, се посочува во соопштението, за СДСМ поважна е дневната политика, отколку долгорочните државни интереси и долгорочното зацврстување на меѓународната позиција на Република Северна Македонија.

„Во наведениот контекст уште еднаш повторуваме дека неодамнешните одлуки во врска со гласањето на нашата држава за резолуции на Генералното собрание на Обединетите нации се донесени врз основа на редица остварени дипломатски контакти, темелно извршени анализи, спроведени домашни консултации, усогласеност со утврдените позиции на влијателните меѓународни чинители и во координација со нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави. Уште поважно, тие ја потврдуваат стратешката ориентација на нашата држава кон градење стабилна и предвидлива позиција на меѓународната сцена, како и зајакнување на односите со нашите стратешки партнери“, се појаснува во соопштението од МНРиНТ.

Со нашето гласање, се додава, ја реафирмиравме цврстата поддршка за Украина и изразивме силна почит, солидарност и одговорност кон украинскиот народ и неговите напори за обезбедување траен мир и целосна заштита на територијалниот интегритет, суверенитетот, независноста, слободата и демократијата.

Дополнително, соопштија од Министерството, овие одлуки се потврда за конзистентната меѓународна политика на државата, и напиот стремеж да бидеме активен, конструктивен и кредибилен партнер во процесите на изнаоѓање решенија за актуелните геополитички предизвици, а не пасивен набљудувач без јасен став, како што беше случај за време на претходната влада предводена од СДСМ и ДУИ.

„Воедно, како што и самиот господин Филипче потенцираше, а за тоа говорат и досегашните активности и одлуки, токму честите посети на највисоко и високо политичко ниво во САД се потврда за нашата цврста заложба за зајакнување на партнерството и билатералната соработка со САД. Таквите засилени дипломатски активности дополнително ја потврдуваат и нашата понатамошна посветеност во правец на целосна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како и силната приврзаност кон процесот на европска интеграција – кој останува еден од највисоките надворешно-политички приоритети на државата“, стои во реакцијата од МНРиНТ.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ