• Горан Упале
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, му одговори на спортскиот директор на Барселона, Деко, кој јавно изрази интерес за Луис Диаз.
Крилниот напаѓач на „црвените“ е едно од потенцијалните летни засилувања на каталонскиот клуб, а поранешниот играч, а сега и официјален претставник, го издвои Диаз заедно со Маркус Рашфорд како приоритетни цели.
„Ни се допаѓа Луис Диаз ни се допаѓа Маркус Рашфорд и ни се допаѓаат други играчи. Кога одиме на пазарот има имиња што ги знаеме и кои би можеле да го подобрат тимот“, изјави Деко.
Набрзо доби одговор од Слот, до кого стигна изјавата на директорот на Барса.
„Секој клуб ги прави работите на свој начин. Навикнати сте на фактот дека не зборувам за други играчи што не сме ги потпишале. Разбирам, тој е голем обожавател на Луис Диаз, како и јас. На Деко му се допаѓаат некои играчи. И мене ми се допаѓаат Јамал и Рафиња“, рече Слот.
Барселона ја освои титулата во Шпанија, Купот на Кралот и Суперкупот на Шпанија оваа сезона, додека Ливерпул е шампион на Англија.