37.8 C
Скопје
15:17 - 23 јули, 2025

(Фото) Сурфа како професионалец: Иванка Трамп „уловена“ во црно бикини на плажите во Костарика

Иванка Трамп, беше „уловена“ додека сурфаше на брановите за време на одморот во Костарика, објави „Пејџ Сикс“.

Ќерката на претседателот беше фотографирана во црно бикини, како ужива во брановите и сурфањето, додека нејзиниот сопруг Џаред Кушнер гледаше од брегот.

Подоцна, папараците ја фатија Иванка Трамп како шета на плажа со својот сопруг. Ова не е првпат таа да одлучи активно да го помине времето на плажа.

Во текот на истата недела, таа сурфаше и со своето семејство. Ѝ се придружија две од нејзините деца, и сите тие зедоа краток час заедно со инструкторот. Кушнер не бил фотографиран во тој момент, но наводно бил присутен. Инаку, Трамп и Кушнер имаат ќерка, Арабела Роуз (13) и синови Џозеф Фредерик (10) и Теодор Џејмс (8).

Нејзината снаа и фитнес ентузијаст Карли Клос, исто така, се придружи на семејниот одмор, и покрај гласините за тензии меѓу неа и Иванка и спротивставените политички ставови. Сепак, Клос не се обиде да сурфа, туку остана на брегот и уживаше со својот сопруг Џошуа Кушнер, помладиот брат на Џаред.

Слични објави

(Видео) Бугарската Ким Кардашијан откри дека си инјектирала сперма од лосос во лицето: Се откачив од ѕвезда на Челзи, а Пике …

Е.А.

Страшни сцени од напуштената куќа на починатиот Тозовац: Оваа сцена ги вознемири мештаните, кој стои зад сето тоа?!

Е.А.

Се огласи поранешниот партнер на Силва која е во врска со Бастијан Швајнштајгер: „Додека јас ги чувам децата таа развратничка …“

Е.А.

(Фото) Рамен стомак, влажна коса и без шминка: Аница Лазиќ „брутално“ згодна, ја покажа витката фигура

Еспресо

(Фото) „Едвај ја дочекавме Тара“: Тања Савиќ блеска од среќа, цврсто го прегрнува свршеникот Муки

Еспресо

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се соблече во минијатурно бикини, а коментарите се дека никогаш не изгледала подобро

Еспресо