Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем доби попуст од Баерн и го потврди првиот трансфер во ерата на Франк

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/BrentfordFC

Томас Франк и Тотенхем работат на повеќе трансфери во летниот преоден рок, а првиот комплетиран трансфер е поврзан со играч кој веќе настапуваше како позајмен играч од Баерн Минхен.

Се работи за 20-годишниот Матис Тел, кој вториот дел од сезоната го одигра во лондонскиот клуб, но сега дефинитивно станал играч на Тотенхем со откупување на договорот од страна на премиерлигашот.

Првично, Баерн бараше 60 милиони евра за Тел, но по преговорите на двата клуба било договорено дека Тотенхем ќе плати 40 милиони евра.

Французинот постигна 3 гола на 20 настапи за Тотенхем, но Франк и менаџментот на клубот имаат големи очекувања од овој фудбалер.

Комплетирањето на договорот ќе го означи првиот трансфер во ерата на новиот менаџер, кој веќе води преговори со уште неколку играчи, вклучувајќи го Брајан Мбеумо од неговиот досегашен клуб Брентфорд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни