Рудигер се огласи на социјалните мрежи имаше порака за судијата

27. 04. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рудигер се огласи на социјалните мрежи имаше порака за судијата

Антонио Рудигер се извини преку социјалните мрежи за инцидентот што го означи самиот крај на финалето на Купот на Кралот помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Неколку моменти откако судијата Рикардо де Бургос досуди фаул на Килијан Мбапе врз Ерик Гарсија, Рудигер ја изгуби контролата, фрли предмет кон судијата и се однесуваше агресивно, што резултираше со црвен картон. Членовите на тренерскиот штаб на Реал и соиграчите мораа да го држат за да не направи уште поголем инцидент.

Еден ден по инцидентот, германскиот стопер се појави на X и испрати јавно извинување до судијата и изрази жалење за своето однесување.

„Апсолутно нема никакво оправдување за моето однесување синоќа. Навистина ми е жал за тоа“, рече Ридигер.
„Одигравме многу добар натпревар од второто полувреме па натаму, но по 111 минути повеќе не можев да му помогнам на мојот тим и, пред последниот свиреж на судијата, направив голема грешка. Уште еднаш му се извинувам на судијата и на сите што ги разочарав синоќа“, додаде тој.

Неговиот испад и црвениот картон беа евидентирани и во извештајот на судијата, во кој беше наведено дека Рудигер фрлил предмет од техничката зона и дека покажал агресивно однесување откако бил исклучен.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата