Дали Аријан Адеми го одигра последниот натпревар за Динамо Загреб?

На натпреварот против Горица, капитенот на Динамо, Аријан Адеми, играше само околу дваесет минути откако влезе како резерва.

Но, заработи повреда на ногата и поради тоа не настапи на дербито со Ријека на „Максимир“. Многу веројатно капитенот на Динамо нема да ги одигра ниту преостанатите натпревари оваа сезона, освен ако нема големи пресврти или неговата желба за настап не ги надмине здравствените проблеми.

Затоа, како што пишува Germanijak, се поставува прашањето: „Дали Адеми воопшто повторно ќе игра за Динамо, или го одигра својот последен натпревар во синиот дрес?“

Адеми има договор со Динамо до летото 2026 година, и наскоро треба да седне со новиот претседател на одборот, Звонимир Бобан, и да разговараат за неговата иднина во клубот.