Изненадување во финалето на ФА Купот на Англија. Кристал Палас е сензационален победник, откако го совлада во финалето големиот фаворит Манчестер Сити, кој ја завршува оваа катастрофална сезона без трофеј.
Голот вреден победа и трофеј беше постигнат во 16. минута, преку Езе. Муњоз му асистираше, а Езе погоди во мрежата на Ортега за голем триумф. За да биде поразот уште поболен за Сити, Мармуш во 36. минута промаши пенал, односно Дин Хендерсон му го одбрани.
Избраниците на Пеп Гвардиола одиграа катастрофален меч, не успеаја да најдат пат до мрежата на противникот, за завршување на оваа катастрофална сезона. Сега останува само Сити да се обиде да избори место во Лигата на шампионите.
За Кристал Палас ова беше прв трофеј во историјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА