• Редакција Gol.mk
Со голема драма во сите три сезони и со различни тренери на клупата Еурофарм Пелистер комплетираше хет-трик на трофеи од домашниот шампионат.
Мала е групата на ракометари и членови на стручниот штаб кои ги освоија сите три титули. Во генерациите 2022/23, 2023/24, 2024/25 учествуваа: Павле и Петар Атанасијевиќ, Цветан Кузманоски, Емилијан Ѓорговски, Ненад Костески, Павле Петровиќ и Жарко Пешевски. Исто така дел од трите шампионски генерации се тренерот на голмани Ице Соколески, спортскиот директор Звонко Шундовски, кондициониот тренер Александар Марковски и физиоперапевтот Филип Милевски.
Секако, трофеите се под палката на семејството Стерјеви и компанијата Еурофарм, која е сопственик на мнозинскиот пакет акции на Еурофарм Пелистер. Дел од акциите има и Општина Битола, која секоја година несебично го помага клубот и повеќе од потпишаниот договор.
По потпишувањето на платформата за ракометна Битола има само еден трофеј кој пелистерци не го освоиле - тоа е Купот на Македонија.