Неверојатно прво полувреме ни приредија фудбалерите на Барселона и Интер (2-2) на „Монџуик“ во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.
„Нероаѕурите“ поведоа со 0-1 преку Турам уште во 30. секунда. Во 21. минута гостите стигнаа до позитива и од 0-2 со феноменалниот гол на Думфрис.
Само три минути подоцна Ламин Јамал со феноменален погодок ја врати надежта на Каталонците откако намали на 1-2. До крајот на првиот дел домаќините целосно се вратија во мечот (2-2) со погодокот на Феран Торес во 38. минута.
Barcelona [2] – 2 Inter – Ferran Torres 38'
byu/ayoefico insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА