(Видео) Костовски: На адресата на фирмата што доби тендер од МВР нема ни табла ни вработени

(Видео) Костовски: На адресата на фирмата што доби тендер од МВР нема ни табла ни вработени

пред 3 недели

Се наоѓаме пред зградата во општина Карпош во Скопје, на адресата каде што, според официјалните документи, е регистрирана една од фирмите која доби тендер вреден 4 милиони евра од МВР, рече Мартин Костовски, организациски секретар на СДСМ.

„Станува збор за адреса на фирмата Памитекс којашто е основана само 20 дена пред распишување на тендерот. И што најдовме тука? Апсолутно ништо! Нема нема табла, нема вработени, нема ниту трага од компанија што би можела да спроведе сериозна јавна набавка, а камо ли специјализирани униформи за полицијата. Како е регистрирана оваа фирма? Дали фирмата има фиктивно седиште? Тошковски е фатен жив во голем скандал и мора да одговори. Како е можно една „компанија“ без капацитети, без историја, без вработени, да добие тендер во МВР вреден 4 милиони евра за униформи? Ова не е обичен тендерски скандал. Ова се основани сомнежи за системска корупција, која оди до самиот врв на власта“, рече Костовски.

СДСМ бара итна истрага од Јавното обвинителство и понуштување на тендерот.

Текстот (Видео) Костовски: На адресата на фирмата што доби тендер од МВР нема ни табла ни вработени е превземен од МАКФАКС.

Share