Во прв ред

ЕКСКЛУЗИВНО: Закажан концерт на Александра Пријовиќ во Скопје (Видео)

Како што ексклузивно дознава музичкиот портал Музика24, познатата српска и на далеку популарна и барана пејачка Александра Пријовиќ доаѓа во Скопје. Таа изминативе неколку месеци е исклучително актуелна и во фокусот на јавноста со своите концерти кои рушат рекорди на распродавање. После големите концерти во Загреб, Сараево, Белград, Ниш и регионот, Александра конечно го најави и својот голем концерт во Македонија.

14-ти јуни е денот кога Пријовиќ ќе го одржи својот голем и прв солистички концерт пред македонската публика, а спортската арена „Борис Трајковски“ во Скопје ќе биде домаќин на овој голем музички настан.

Како што неофицијално дознаваме, отворена е можноста освен еден да бидат закажани и повеќе концерти во Скопје.

Пред скопскиот концерт, Пријовиќ ќе одржи концерт во Љубљана, а по Скопје следува арената во Пула, па Швајцарија, Австрија и Германија.

Можеби ќе ве интересира: