Рекордна продажба на возилата Ферари: Заработија неверојатна сума на пари, конкурентите не се ни блиску

Ферари заработил неверојатни 136.671 евра по продадено возило, 16 отсто повеќе од претходната година.

Студијата, базирана на официјалните биланси на 30-те најголеми автомобилски компании во светот и податоците на Jato Dynamics, го става Ферари на врвот на профитабилноста. Италијанскиот бренд оствари оперативен профит од 1,88 милијарди евра со вкупни приходи од 6,68 милијарди. Ферари заработил неверојатни 136.671 евра по продадено возило, 16 отсто повеќе од претходната година.

Сепак, изненадувањето во контекст на профитабилноста е Suzuki. Јапонската компанија се искачи на третото место, веднаш зад Порше, благодарение на значителното зголемување на оперативната маржа, која се зголеми од 8,48 отсто во 2023 година на 10,30 отсто во 2024 година.

На спротивниот крај на скалата, Stellantis доживеа драстичен пад на профитабилноста. Оперативната маржа на автомобилскиот гигант падна од 11,81 отсто на 2,35 отсто, што се претвори во заработка од само 656 евра по продаден автомобил, 82 отсто помалку отколку во 2023 година.

Покрај Stellantist, во изминатата година се намали и оперативната маржа на брендовите Porsche, BMW Group, Mercedes-Benz и Nissan. Овој извештај ја истакнува растечката сложеност на автомобилскиот пазар, каде стратегијата за цени и управувањето со трошоците се клучни фактори за опстанок и успех, пишува Ревијахак.

Ферари води со исклучителна профитабилност, далеку надминувајќи ги директните конкуренти по продаден автомобил. По италијанскиот бренд, Porsche е на солидно второ место. Mercedes-Benz и BMW, иако со високи маржи, бележат малку профит по продадено возило, како и Tesla.

Зачлени се на нашиот е-билтен