Во атмосфера исполнета со академски дух и историски размисли, Македонското научно друштво – Битола во соработка со невладината организација “Културал Конекшн“ од Битола, организираше научен собир посветен на 1140 години од смртта на Св. Методиј во просториите на Друштвото.
Собирот го отвори проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, претседател на МНД, истакнувајќи го значењето на Св. Методиј во контекст на културното и научното наследство на словенските народи. Модератор на настанот беше м-р Стефан Караџовски, овозможувајќи динамичен дијалог меѓу присутните.
На настанот се разгледуваа историските, лингвистичките и културолошките аспекти на делото на Св. Методиј, а свои научни излагања имаа доц. д-р Анита Ангелевска, проф. д-р Валентина Гулевска и м-р Иле Велков.
Научниот собир не беше само почит кон Св. Методиј, туку и сведоштво за потребата од континуирана научна работа и меѓусебна размена на знаење – столбови врз кои се гради иднината на академска сцена.
Со овој настан МНД Битола го одбележа и денот на Сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.