1020 hPa
77 %

13 °C
Скопје - Саб, 31.05.2025 06:07
Во сабота, на 20 јули, со почеток во 19 часот, во рамки на манифестацијата Смилевски конгрес, во село Смилево ќе се одржат серија интересни културни настани:
- Изложба на алтернативни фотографии „Вратнички на Улишта“ на Миша Кескеновиќ, Сежана, Словенија
- Изложба на алтернативни фотографии на фото клубот Ирис, Темишвар, Романија
- Проекција на отворено на филмот „Манаки-приказна во слики“ на Роберт Јанкулоски, дел од програмата на патувачкото кино на МакеДокс
- Камерен концерт на Сиот тој џез во смилевската кооперација
Во периодот од 17 до 23 јули во смилевскиот манастир ќе се одржува третото издание на фестивалот на алтернативна фотографија – „Зрно”. Изложбите, проекцијата и концерот се во соработка со „МакеДокс”, фестивал на креативен документарен филм и НУ „Смилевски Конгрес”.