logo
logo
logo

Трамп: Испишавме историја (видео)

Vecer | 06.11.2024

Трамп: Испишавме историја (видео)

-Ви благодарам на сите, ова е одлично. Испишавме историја вечерва. Ова е движење што никој досега не го видел. Ова е најголемото политичко движење на сите времиња. Никогаш немало вакво движење во Америка. И сега Ќе достигнеме нови височини Ќе и помогнеме на нацијата да се подобри.

Трамп рече дека ова движење ги надмина пречките за кои многумина не мислеа дека е невозможно да се надминат. „Ова е политичка победа каква што Америка никогаш не видела. Сакам да му се заблагодарам на американскиот народ за поддршката“, рече тој. „Ќе се борам за вас, вашите семејства, вашата иднина. Нема да застанам додека не испорачаме силна и просперитетна Америка. Ова ќе биде златно доба за Америка“, додаде тој.

„Ние ја презедовме контролата врз Сенатот. Тоа е одлично. Бројот на победи во Сенатот е апсолутно голем. Ниту тоа не се очекуваше, па затоа сакам многу да ви се заблагодарам за тоа. Имаме нови сенатори, некои одлични сенатори“, тој рече.

Трамп додаде дека победил во Северна Каролина, Џорџија, Пенсилванија, Висконсин, а дека победува во Мичиген, Аризона, Невада, Алјаска, велејќи дека ќе освои 315 електорски гласови.

Трамп им се заблагодари на новоизбраниот потпретседател Џеј-Ди Венс и неговата сопруга. „Сакам да бидам првиот што ќе му честитам на сегашниот потпретседател Џеј-Ди Венс“, рече Трамп.

Заблагодарувајќи им се на своите соработници, тој се заблагодари и на сопругата Меланија Трамп, која ја нарече прва дама.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk