Меџити: Како Таравари ќе ги убеди Алијанса да гласаат за ДУИ?

од Nikola Popovski
476 прегледи

Еден од лидерите на ВЛЕН и прв вицепремиер, Изет Меџити не се согласува со ставот дека неговата коалиција се распаѓа пред локалните избори. Според Меџити, случувањата со министерот Арбен Таравари се, како што вели, „некои процеси во последниот период“. За него вели дека од „индивидуални партиски причини излезе на површина дека подолг период има состаноци и соработува со ДУИ“.

-Не може да се биде дел од ВЛЕН и да се соработува и коалицира со ДУИ, кажа Меџити во „Тема на денот“. Тој е дециден дека ВЛЕН постои и понатаму и дека е посилна од претходно.

Претседателот на Демократското движење смета дека на Таравари нема да му биде лесно оти, како што истакнува, Алијанса за Албанците е антипот на ДУИ.

-Многу полесно можам јас да ги убедам гласачите да гласаат и агитираат за ДУИ сега откако го нема (Aртан) Груби отколку некои од АА кои што постојано жртвувале и опстанале како опозиција и самите ја знаеле вратата на ДУИ. Не треба некој да ги носи кај нив…, истакна Меџити.

Вицепремиерот смета дека Таравари бил против ВЛЕН да прерасне во една политичка партија.

-Самиот факт тоа покажува дека лесно се обединува ВЛЕН и дека се се спојува во коалицијата. Очигледно дека еден од главните проблеми за тоа бил Таравари. Не би рекол дека бил со мисија од почеток, не сакам да кажам дека нема придонес во победата и дека нема придонес во тие 107 илјади гласови, но, изгледа се одлучил индивидуално и партиски, кажа синоќа Меџити.

Вицепремиерот смета дека на Таравари не му е местото во Владата бидејќи, според него, се коси со политиките и принципите. Прашањето за позицијата на министерот за здравство е отворено, кажа Меџити синоќа.

Слични содржини