ВИДЕО: Разочарувачко баскиско дерби на „Реале Арена“, гостите од Билбао позадоволни

Фудбалерите на Реал Сосиедад и Атлетик Билбао ремизираа без голови во Сан Себастијан во натпреварот од 34. коло на шпанска Примера. Вечерва немаше победник во едно од најнепривлечните баскиски дерби соочувања, што е најфер исход со оглед на тоа што не видовме многу од квалитетите на двете екипу.

Домашниот тим ја имаше иницијативата на теренот во поголемиот дел од натпреварот, повеќе посед на топката, па дури и пристојна шанса, кога ударот на Браис Мендес беше одбранет од Унаи Симон. Сепак, освен оваа шанса практично немаше возбуда во казнените простори.

  • Извештај од натпреварот:

Атлетик Билбао го задржа четвртото место на табелата со 61 бод, додека Реал Сосиедад е единаесетти со 43 бода.