17.05.2025 06:37
Вести Македонија Топ вести

Студенти во Крагуевац даруваат крв за повредените во пожарот во Кочани

Студенти од сите факултети на Универзитетот во Крагуевац денеска учествуваат во доброволна крводарителска акција за повредените во пожарот во Кочани.

Одделението за трансфузија на Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац беше преполно од 8 часот наутро, а студентите истакнаа дека на тој начин сакаат да им помогнат на повредените пациенти од Кочани, но и да ги поттикнат сите граѓани да се приклучат на оваа акција и да даруваат крв.

Собраните крвни единици првенствено се наменети за повредени граѓани на Северна Македонија, а се што е собрано повеќе од потребните количини ќе остане во Одделението за трансфузија на УКЦ Крагуевац, објавија студентите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе