Рано утрово, во 2:17 часот земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот брег на Турција. Епицентарот на земјотресот бил во близина на туристичкото место Мармарис, на само неколку километри од грчкиот остров Родос.
Починато е14-годишно девојче, а 69 луѓе скокнале од прозорците на своите домови за време на земјотресот, при што се здобиле со повреди изјави гувернерот на Мармарис.
Сè уште се проценува штетата, а тимовите за итни интервенции остануваат во состојба на готовност за можни последователни потреси.
фото/скриншот
