• Иван Димовски
Дејвид Аделман е привремено решение за тренерската позиција на Денвер Нагетси, меѓутоа многу лесно може да добие и договор за иднината.
Нагетси беа елиминирани во полуфиналето на Западот од Оклахома во седум натпревари, па сега треба да се насочат кон следната сезона. Сопственикот на клубот Џош Кроенке даде краток коментар по елиминацијата, а во САД ја сметаа како поддршка за привремениот тренер.
„Не сметајќи ја сезоната кога освоивме титула, во овој момент сум најгорд на овие момци. Како само се вративме во сезоната...“, прокоментира Кроенке.
Интересно е дека Аделман има поддршка и од главните ѕвезди. Никола Јокиќ, Џамал Мареј и Арон Гордон се во одличен однос со сегашниот тренер, па тоа му ги зголемува шансите да добие договор.