Геровски во 24 анализа: Најмоќните и најбрзорастечките економии во светот се и најзадолжени

Новинарот Бранко Геровски во 24 анализа рече дека најмоќните и најбрзорастечките економии во светот се и најзадолжени.

Според него, задолженоста не ја намалува моќта на економијата. Потенцираше и дека за кредитот од Велика Британија најважно е како ќе се искористат парите.

„Најмоќните светски економии и најбрзорастечките економии се и најзадолжени економии. Задолженоста не ја намалува моќта на економијата. Ние имаме ситуација каде од причини за стратешки интерес, една од најмоќните држави Британија, одвојува од својата акумулација 6 милијарди евра. Како што беше соопштено, деталите за камати не се финализирани но беа кажани битни работи. Ќе ги држиме за збор политичарите, прво беше кажано дека ќе е најповолна каматна стапка која неспоредливо може да се добие во овој момент. Голем дел од парите ќе бидат наменети за инфраструктурни проекти, коридор 10 и железницата и она што е поволно е што отплатата на кредитот ќе почне по завршувањето на проектот. Грејс перидпот кој се дефинира на помали временски периоди овде е поголем. Најважно е како ќе се употребат парите и дали ќе го поттикнат растот на македонската економија“, рече Геровски.