Харвард против Трамп: Суд ја стопира десертификацијата за странски студенти

Американска федерална судијка, Алисон Бароуз, денес привремено ја блокираше одлуката на администрацијата на Доналд Трамп да му го одземе овластувањето на Универзитетот Харвард за прием на странски студенти. Со оваа судска наредба, повеќе од 7.000 меѓународни студенти, чии визи беа загрозени, добија барем краткорочно олеснување.

Трамп ѝ се заканува на Европската Унија со царини од 50 проценти: „Основани сте за да ја експлоатирате Америка“ (ФОТО)

Харвард, кој има 27% странски студенти, поднесе тужба до федералниот суд во Бостон, нарекувајќи ја одлуката на Трамп „очигледно кршење на Уставот“ и напад врз академската автономија. Во тужбата децидно се наведува: „Без своите меѓународни студенти, Харвард не е Харвард.“

Министерката за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, претходно најави дека Харвард ќе биде исклучен од Програмата за студенти и посетители на размена од академската 2025/2026 година, што може да има сериозни последици по универзитетот.

Судијката Бароуз оцени дека има ризик од непосредна штета доколку политиката се спроведе пред судот да ја разгледа суштината на спорот. Закажани се нови сослушувања на 27 и 29 мај.

Останува отворено дали администрацијата на Трамп ќе поднесе жалба – но оваа пресуда се смета за значаен пресврт во борбата за академска слобода и меѓународно образование.

Пронајдете не на следниве мрежи: