Државјани на Германија и Холандија се изгубиле додека планинареле во близина на границата помеѓу Македонија и Косово

На 21.05.2025 во 19.31 часот во Секторот за меѓународна полициска соработка, од Интерпол Германија е пријавено дека на граничната линија помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово се изгубиле две лица – државјани на Сојузна Република Германија и Кралство Холандија, кои планинареле во близина на граничната линија.

Известени се СВР Тетово, Центар за управување со кризи и Регионалниот центар за гранични работи Север.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.  

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ