Временска прогноза
Според Европскиот центар за среднорочна прогноза во сабота го очекуваме првиот снег во Македонија и на Балканот, ова се последните информации..

Според најновиот излез на најажурниот прогностички модел (ECMWF) Европски Центар за Среднорочна Прогноза, истиот ги зголемува условите за врнежи од снег, како на повисоките места и на планините, така и на повеќето пониски места, и тоа во сабота (23.11.2024).
Покрај речиси целиот Балкан што ќе биде покриен со снег, и тоа поради силниот продор на студен воздух од север кон Балканот и во Македонија до сабота очекуваме на повеќето места врнежи од снег и големо опаѓање на температурите на воздухот, а температурите допрва ќе ги анализирам и јавноста околу ова навремено ќе биде информирана какви температури не очекуваат.
Значи, во сабота (23.11.2024) на повеќе места во Македонија ќе има повремени врнежи од снег, проследено со засилен северен ветер. Што се однесува до снежната покривка, на планинските и на повисоките места таа ќе биде со висина од 10 до 20 cм, на високите планини можно е таа да биде и поголема. Што се однесува до повеќето пониски места (градови) ќе има снежна идила, со очекувана снежна покривка од 4 до 10 цм. Особено повремени врнежи од снег во сабота се очекуваат во северните и во западните предели од Македонија.
Секако со овој бран во сабота, големи се условите да забелат и околните планини во Скопје. Слабо провејување на снег можно е и во повисоките предели од Скопската котлина.
Во следните метео објави следува нова, и по потреба обновена метео анализа токму околу очекуваниот снег во сабота (23.11.2024).
Да напоменам дека во четврток ќе имаме продор на ладен воздух, но тој ќе биде со помал интензитет за разлика од овој во сабота на 23 ноември, па така снег во четврток очекуваме само на планините, истакна Славчо Попоски
- Во овие веќе вечерни и ноќни часови времето речиси насекаде е ведро и студено. Температурите на многу места се околу, а понекаде и под нула степени. Најстудено вечерва како што можете да видите на картата е во Берово и во Битола со -2 степени. До изутринава температурите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, додека во Беровскиот регион температурата треба да биде и нешто поска, околу, или малкку под -5 степени.Сепак денес кон крајот на денот и вечерта од запад постепено облачноста ќе се зголемува, и во вечерните и ноќните часови кон среда ќе има појава на повремен локален дожд во западните предели од Македонија.
Временска прогноза
Попоски: Продолжува нестабилно време, со развој на грмотевични облаци

Во текот на новата седмица која ни претстои, односно во периодот од понеделник (19 мај) до недела (25 мај) во нашата Република Македонија ќе биде потопло, особено преку ден, но како што претходно кажав, некое големо затоплување и температури кои доликуваат за втората половина на месец мај не очекувам. Ти речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, додека во Повардарието тие очекувам да надминат и 25 степени. Сепак наутро ќе биде сеуште ладно, особено во почетокот на седмицата.
Времето, особено во претпладневните часови ќе биде претежно стабилно, суво и со сончеви периоди. Во попладневните часови атмосферата ќе се дестабилизира, и локално ќе се развиваат грмотевични облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално, не ја исклучувам можноста и за појава на краткотрајно невреме.
И во делови од Скопскиот регион во текот на седмицата во попладневните часови, повремено очекувам развој на грмотевични облаци од кои очекувам појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, предмалку соопшти Славчо Попоски.
Временска прогноза
Викендов променливо облачно со локален слаб дожд, утринските температури ќе бидат во интервалот од 1 до 8 степени

За време на овој викенд денес сабота и утре недела, во Македонија во ноќните и во раните утрински часови ќе имаме значително поладно време, со температури кои ќе се спуштат во интервалот од 1 до 8 степени, додека на повисоките и на планинските места температурите очекувам да се спуштат и за некој степен под нулата. Особено на повисоките населени места и на планините ќе има и појава на слаб утрински мраз.
– Преку денот пак времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а само локално ќе има услови за краткотраен дожд. Максималните дневни температури пак ќе бидат во постепен пораст, па така тие, особено во недела ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме многу слично време како и во другите делови од Македонија, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Денес најмногу дожд наврна во Крушево и Охрид, а со тоа и температурите се драстично пониски

Значително количество на дожд до вечерва во 20 часот наврна на многу места ширум Македонија. Сепак најмногу дожд наврна во Крушево, и тоа 28 литри на метар квадратен и во Охрид 24 литри дожд на метар квадратен.
На табелата можете да ги погледнете температурите измерени вечерва до 20 часот по градови и места во Македонија, како и наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен, и тоа на мерните станици на УХМР, пренесува Славчо Попоски
-
Македонија1 ден
Граѓани пријавуваат дека од рано утрово се без електрична енергија
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (18 мај)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за понеделник (19 мај)
-
Македонија1 ден
АД Мепсо ја соопшти причината за падот на електричната енергија во раните утрински часови
-
Македонија7 часа
МВР: Со „БМВ“ возел 111 км/ч на место каде е дозволено 50 км/ч
-
Македонија6 часа
Во автобус со турски државјани во Охрид починал турист кој бил дел од групата
-
Временска прогноза1 ден
Попоски: Продолжува нестабилно време, со развој на грмотевични облаци
-
Македонија4 часа
Од вечерва бензин 95 и дизел поскапуваат, ова е новата цена за литар