Поради долг кој не беше платен навреме, Лион вчера беше исфрлен во Лига 2. Како што сега стојат работите, на ист начин ќе реагира и УЕФА, која ќе го исфрли овој тим од своите натпреварувања.
Минатата сезона, Олимпик Лион заврши на петтото место, со што се избори за директен пласман во Лигата на Европа. Очигледно Лион нема да игра таму, а корист од таа одлука би можеле да имаат два француски клуба.
Стразбур ќе игра наместо Лион во Лига Европа, додека Ленс, кој беше седмопласиран во Лига 1, ќе скокне во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Се уште се очекува потврда од УЕФА, но како што сега стојат работите тешко дека нешто ќе се промени во оваа насока. Лион најави жалба до Лига 1, но според информациите од Франција, таа ќе биде само формална.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА