Кливленд продолжува со одлична игра.
Кавалирс ја пречекаа Јута Џез и победија во четвртиот натпревар едно по друго, со убедливи 122-99.
Шест играчи имаа двоцифрен број на поени а водечки (повторно) беше Донован Мичел со 23 поени. За популарниот “Спајда” овда претставуваше прв натпревар против својот поранешен тим и само ја потври одличната форма во која настапува во новата средина.
Тимот од Охајо е третопласиран во Источната конференција со скор 21-11.
Филаделфија го пречека Торонто, и следуваше интересен меч.
Иако домаќините важеа за фаворити, неизвесноста беше присутна до самиот крај. Регуларните 48 минути не беа доволни за да се реши победникот, а во дополнителните 5 минути “Сиксерси” успеаа да се одбранат и да слават со 104-101.
Џоел Ембид беше водечки со 28 поени и 11 скокови, следен од Тобајас Херис 21 поен. За гостите од Канада, Паскал Сиакам одигра одличен меч со 38 поени и 15 скокови.
За Филаделфија ова претставуваше пета победа по ред.
Портланд гостуваше во Оклахома Сити.
Младиот тим на домаќините одигра одлично во нападот каде седум играчи имаа двоцифрен број на поени, и во неизвесен финиш победија со 123-121. Водечки стрелец беше играчот кој е кандидат за наградата за најголем напредок сезонава, Шеј Гилгес-Алексанадер кој постигна 35 поени. Токму “SGA” го постигна и победоносниот шут за голема радост на домашните навивачи.
Кај гостите од Орегон, Демиен Лилард беше водечки со 28 поени и на овој натпревар го помина легендарниот Клајд Дрекслер и стана прв стрелец во историјата на клубот.
Кризата во редовите на Њу Орлеанс Пеликанс продолжува.
Милвоки Бакс пристигна во Луизијана и на “Пеликаните” им го нанесе четвртиот пораз по ред (128-119).
Јанис Антетокумпо пружи одлична партија постигнувајќи 42 поени и беше најзаслужен за гостинската победа. Изненадување претставуваше играта на центарот Брук Лопез кој придонесе со 30 поени.
Поранешниот шампион е првопласиран на Истокот, со биланс 22-8.
NBA FAN
Димитар Младеновски