Општество

„Авенга академи“ организира „Challenge Day“: Стипендии во вредност од 100.000 евра за идните ИТ професионалци

13.06.2025г

Авенга академи, еден од водечките центри за практично ИТ образование во земјава (поранешен „Seavus Education and Development Center“), на 14 јуни, сабота, ќе го организира годишниот настан „Challenge Day“ – уникатна можност за сите кои сакаат да започнат или унапредат кариера во ИТ секторот.

Настанот ќе се одржи паралелно во просториите на „Авенга академи“ во Скопје и Охрид, од 11:00 до 14:00 часот, и е отворен за сите заинтересирани кои сакаат да се приклучат на програмите што академијата ги нуди – меѓу кои Sales, UI/UX Design, Digital Marketing и Software Testing.

Во рамките на „Challenge Day“, кандидатите ќе имаат можност да учествуваат во селекциски тест на лице место, со кој ќе се вреднуваат нивните предзнаења и потенцијал. Најуспешните ќе добијат стипендии во вредност до 70% од школарината, како дел од севкупниот стипендиски фонд од 100.000 евра.

По завршувањето на селекцискиот дел, следува неформален дел од програмата: музички сет во живо, вкусни бургери и пијалоци, како и мотивациска зона „PROcharge“, организирана во соработка со ProCredit Bank – атмосфера која инспирира, опушта и мотивира.

Секој кандидат може да аплицира само за една академија преку е-пошта academy@avenga.com, контакт телефони 075 334 547 (Скопје) и 078 341 777 (Охрид).

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано