logo
logo
logo

Брнабиќ: Здравјето на Вучиќ е серизоно нарушено, нечовечки е да се радуваш за тоа

Vecer | 03.05.2025

Брнабиќ: Здравјето на Вучиќ е серизоно нарушено, нечовечки е да се радуваш за тоа

Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, денес изјави дека лидерот на партијата „Српски центар“ (СЦЦЕ), Здравко Понош, лажел кога изјавил дека средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и американскиот претседател Доналд Трамп не била планирана за време на престојот на Вучиќ во САД, пренесе Телеграф.

Таа на социјалните мрежи сподели објава од „The National Independent“, во која се наведува дека Вучиќ и Трамп требало да се сретнат во Мар-а-Лаго во Флорида.

„Еве колку непланирана беше средбата меѓу претседателот Вучиќ и претседателот Трамп.“

„Колку патетичен мора да си за да лажеш како Понош за вакви работи. И ова покажува колку сериозно е нарушено здравјето на претседателот Вучиќ и колку е нечовечно сè што прават сите оние кои со нетрпение го очекуваат ова. Засекогаш со Александар Вучиќ. „Србија ќе победи“, напиша Брнабиќ на мрежата X.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ненадејно се разболе за време на посетата на САД, по што побара лекарска помош и по прегледите одлучи да се врати во Србија и веќе е во ВМА во Белград. Затоа, претседателот на Србија не можеше да се појави на главните настани за кои дојде во Америка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk