30
Германија долго време ќе зависи од САД, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц, само неколку часа по враќањето од неговата прва официјална посета на Вашингтон, каде што разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп.
„Без разлика дали ни се допаѓа или не, долго време ќе зависиме од САД“, рече Мерц, објави Ројтерс.
Мерц, исто така, изјави по посетата на Вашингтон дека многу американски пратеници не го гледаат обемот на вооружувањето на Русија.