Драги
пријатели, почитувани сограѓани, патот по кој чекориме заедно со министерот за
транспорт, Александар Николоски е новиот експресен пат Чатал – Длабочица –
Крива Паланка во должина од 25,5 км, кој е голем чекор напред за нашата
инфраструктура и економија, напиша премиерот Христијан Мицкоски
Со вакви
проекти Македонија ќе го зајакне своето место на Балканот како важен
транспортен коридор.
Нашата
иднина е да изградиме модерна и безбедна инфраструктура.
Ветивме и
исполнуваме! Македонија со секој ден станува сѐ повеќе ваша и се враќа на
народот.
Нема
подобар начин да ви ги честитаме празниците освен со она што најдобро знаеме да
го правиме, работа и резултати, напиша на Фејсбук, премиерот Христијан
Мицкоски.