• Latest
Заседание на парламентот на Република Српска

Канцеларијата на високиот претставник за БиХ предупредува на неизбежни последици за прекршување на Дејтонскиот договор

March 14, 2025
Foto: Wikimedia commons

Фон дер Лајен: Подготвени сме да напишеме ново поглавје во односите меѓу ЕУ и Кина

July 8, 2025
Фото: Основно јавно обвинителство

Oтворена првата просторија за сослушување на деца – жртви и сведоци на трговија со луѓе во рамки на Јавното обвинителство

July 8, 2025

Израелскиот план за присилно преместување на населението од Газа „хуманитарен град“ е план за злосторства против човештвото, алармираат адвокати за човекови права и правни експерти

July 8, 2025

ДЗР: Недоволниoт буџет за програми за здравствена заштита и застојoт во капиталните инвестиции влијаат на квалитетот и достапноста на здравствените услуги

July 8, 2025
Фотографија: Ал Џезериа Фејсбук профил

Во Газа, гладот не е катастрофа, туку тактика – хуманитарната помош станува оружје

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
NBC News

Најмалку 11 мртви и стотици уапсени во антивладините протести во Кенија

July 8, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп најави нови тарифи до 40% за сè поголем број земји

July 8, 2025

УНЕСКО: Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на повеќе од 100

July 8, 2025

Извештајот на Вајц денеска на дискусија пред европратениците

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Канцеларијата на високиот претставник за БиХ предупредува на неизбежни последици за прекршување на Дејтонскиот договор

March 14, 2025 14:38
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Заседание на парламентот на Република Српска

Заседание на парламентот на Република Српска

Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката на властите на Република Српска да продолжат да го кршат Дејтонскиот договор и да донесуваат закони спротивни на уставот на БиХ е опасен обид за загрозување на мирот, а одговорните за овие дејствија може да очекуваат кривично гонење, предупреди денеска Канцеларијата на високиот претставник за БиХ (ОХР), реагирајќи на одлуките донесени од парламентот на РС.

Еден ден откако Националното собрание на РС, и покрај силното противење на опозицијата, со гласовите на претставниците од владејачкото мнозинство контролирано од Милорад Додик ги поддржа нацрт-законот за новиот устав на ентитетите и нацрт-законот за заштита на уставниот поредок на РС, ОХР реагираше со соопштение во кое предупредува на неизбежните последици кои произлегуваат од прекршувањето на Дејтонскиот договор.

Тие посочија дека едностраното формирање на паралелни судски институции под директна контрола на Народното собрание на РС флагрантно ја игнорира надмоќта на државното законодавство и обидите за спроведување на законите кои се привремено суспендирани со привремените мерки на Уставниот суд на БиХ.

-Ова не само што го демонстрира очигледното непочитување на одлуките на Уставниот суд од страна на РС, туку претставува и сериозно кршење на Дејтонскиот договор и уставната рамка на Босна и Херцеговина, што отвора нови случаи на кривична одговорност за оние кои ги извршуваат овие дејствија, се вели во соопштението на ОХР.

Додик и премиерот на РС, Радован Вишковиќ, како и претседателот на ентитетскиот парламент, Ненад Стевандиќ, веќе се осомничени за обид за уривање на уставниот поредок на БиХ за поттикнување на донесување закони со цел да се спречи функционирањето на државното судство и полициските агенции во тој ентитет.

Тоа не ги спречи итно да иницираат усвојување на нов устав на ентитетите, како и драконски закон што ќе го „заштити уставниот поредок на РС“.

Нацртот на новиот устав пред претставниците на парламентот на РС беше претставен во рекордно време од покренувањето на ваква иницијатива, а по усвојувањето на нацртот во четвртокот, останаа само триесет дена за јавна расправа со планот што поскоро да стапи во сила новиот Устав.

Предложените одредби практично и пренесуваат на РС бројни овластувања кои моментално ги има само БиХ како држава, вклучително и нејзината армија и разузнавачка служба, го воведуваат концептот на суверенитет на тој ентитет и го утврдуваат неговото „право на самоопределување“, како и правото да влегува во сојуз со други држави, што создава правна основа за отцепување.

Истовремено, се планира укинување на институциите кои гарантираа барем формална застапеност на припадниците на хрватскиот и бошњачкиот народ во владините тела на РС, како што е местото потпретседател, како и Советот на народите.

Законот за заштита на уставниот поредок на РС, кој исто така беше донесен по итна постапка, воведува широки формулации за тоа што претставува повреда на неговите одредби и предвидува формирање на специјален ентитет суд и обвинителство кое ќе биде одговорно за гонење на лица кои може да се дефинираат како политички противници на власта.

Се планира дури и да се формира посебен затвор за лица кои би биле под истрага или осудени по овој основ.

Сите лица назначени од властите како учесници во „помагање на непријателот“ или оние кои не ги почитуваат одлуките на владините тела на ентитетот би можеле да се соочат со кривично гонење.

По усвојувањето на овој закон, самиот Додик најави дека прва цел на неговото спроведување ќе биде високиот претставник на меѓународната заедница Кристијан Шмит, кого има намера „да го гони како ѕвер“. / МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ