Почина член на првата аргентинска генерација која го покори светот

Поранешниот светски шампион со Аргентина, Луис „Ел Негро“ Галван, почина во 77. година од животот, јавија тамошните медиуми. 

Галван одигра 34 натпревари за „гаучосите“ и ја освои светската титула на Мундијалот во 1978 година. Беше член на генерацијата предвоена од Луис Цезар Меноти, прва која ја покори планетата. 

Смртта настапила поради компликации од инфекција на бубрегот, а навивачите веќе се збогуваат со него и упатуваат сочувство за неговото семејство. Галван беше рекордер на клубот Кордоба, за кој одигра 503 натпревари во период од седумнаесет години.