Свет

Седум израелски војници загинаа во борби во Појасот Газа

Израелската армија соопшти дека седум нејзини припадници – еден офицер и шест војници – загинале вчера во борбите на југот на Појасот Газа, во реонот на Кан Јунис.

Во одвоен инцидент, исто така на југот, еден израелски војник бил тешко ранет. Според израелски медиуми, загинатите војници се наоѓале во оклопно возило кога експлозивна направа поставена под него детонирала и предизвикала пожар.

Во истиот реон минатиот месец израелската армија нареди итна евакуација на цивилите, најавувајќи „невиден напад“. Населението беше насочено кон западниот дел на Појасот Газа, кон областа ал-Маваси, каде што сега се одвива нова офанзива.

На почеток