Алексеј Навални е убиен. Според официјалната порака добиена од мајката на Алексеј, неговата смрт настапила на 16 февруари во 14 часот и 17 минути по локално време.
.Напиша Јармиш додавајќи дека телото на Навални било однесено во Салехард, градот во близина на затворскиот комплекс, каде што руски истражители спроверуваат истрага.
По веста за смртта на најпознатиот противник и критичар на Кремљ и Владимир Путин, во неколку руски градови иако во силно полициско присуство се одржуваат комеморативни собири.
Анкета – Жители на Москва
Буквално во секунда вестите се проширија телефонски, а потоа во умовите на луѓето, дека Алексеј Навални починал во казнената колонија од непознати причини. Сега сите стојат овде, некои и треперат, никој не разбира што се случило.
Се разбира дека Навални е симбол, пред се симбол на опозицијата, симбол на наздеж за некоја посветла иднина на Русија. И има чувство дека со неговата смрт, и таа надеж умира.
Како човек, тој едноставно беше фундаментален аспект на животот за нас. Неговата храброст беше видена во многу различни ситуации. Се разбира дека е многу тешко.
Во центарот на Москва луѓето полагаа цвеќе пред споменикот посветен на жртвите на политичка репресија, а медиумите споделуваат видеа од апсења, што според информациите досега се уапсени стотина лица.
Поддржувачи на на најголемиот руски опозициски лидер се собраа пред руските амбасади и на други локации во поголемите градови низ светот, вклучувајќи ги Лондон, Париз, Женева и Њујорк.
Освен веста на руската федерална служба за исполнување на санкциите, официјална Москва молчи. Путин се уште не проговорил јавно за смртта на Навални но денеска излезе со честитка за 31 годишнината од основањето на Газпром.
Западните лидери, меѓу кои и американскиот претседател Бајден, го обвинија Путин за смртта на Навални, додека Обединетите Нации повикаа на целосна и транспарентна истрага.
-Извештаите за неговата смрт ако се вистинити, а немам причина да не верувам дека не се точни, руските власти ќе излезат со нивна верзија. Но бидете сигурни, Путин е одговорен за смртта на Навални, Путин е одговорен. Тоа што му се случи на Навални е уште повеќе доказ за бруталноста на Путин,- изјави – Џо Бајден – Претседател на САД.
-Генералниот секретар на ОН е шокиран од веста за смртта на затворениот опопозициски лидер Алексеј Навални во руски затвор. Генералниот секретар изразува сочувство до семејството на г-дин Навални и повикува на целосна, веродостојна и транспарентна истрага за околностите на неговата смрт во затвор,- изјави - Стефан Дижарик – Портпарол на ОН.
Вчера во јавност се појави и сопругата на Навални, Јулија Навалнаја, која првично изрази сомнеж за веста за смртта на нејзиниот сопруг.
-Ако веста е точна, Путин и неговите соработници ќе сносат одговорност за тоа и за сето она што и го направија на Русија, на моето семејство, на мојот сопруг. И тој ден ќе дојде наскоро,- изјави – Јулија Навалнаја – Сопруга на Алексеј Навални.
Алексеј Навални почина на 47 години. Казнено-поправната служба во соопштение наведе дека се чувствувал лошо по прошетката и изгубил свест. Пристигнала брза помош во обид да го оживее, но безуспешно.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата