Нова стратегија за образование на возрасни до 2030 година

Центарот за образование на возрасни ја презентира новата стратегија за наредните пет години, која предвидува дигитализација на процесот на верификација на посебни програми за образование на возрасните, обука на наставници и обучувачи кои изведуваат настава според верификувани програми за образование на возрасните како и јакнење на капацитетите на новоформираните Регионални центри за стручно образование и обука.

Ваквата програма има за цел да придонесе кон среднорочно стратешко дефинирање на политиките, со цел зголемување на учеството на возрасни во образование, доживотно учење преку унапредување на рамковните услови и создавање овозможувачка средина за учење, во склад со сеопфатните и националните приоритети во образованието, како и со европските трендови. Министерката за образование и наука Весна Јаневска од промоцијата порача дека ваквите едукативни процеси ќе им помогнат во постигнувањето подобри резултати во работните процеси.

Според статистиките македонското население на возраст од 25 до 64 години околу 25 проценти од нив е вклучено во ваков тип на едукација, со овој документ се предвидува да до 2030 година порасне односно приближат до европскиот процент кој изнесува 47 отсто порачаа од денешната презентација на новата стратегија за едукација на возрасно население.