Обвинителството ја продолжува истрагата за аферата со мазутот

Објавено во: Македонија 30 Март, 2025 10:25
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција објави дека продолжува со истрагата за перење пари и местење тендери за продажба на мазут од страна на бизнисмени и нафтени компании, во соработка и со помош на директори и вработени во Електрани на Македонија.
Од 11 март Капушевски, Сулковски и Муча се во притвор, а три дена подоцна им се придружи и Асмир Јахоски, по реакцијата во јавноста откако Обвинителството и Судот го поштедија со куќен притвор. Други седум се со мерки на претпазливост, одземени им се пасошите и се должни да се пријавуваат во суд.
Според Обвинителството, фирмата на Капушевски – РКМ била фаворизирана и со лажни документи добивала тендери за набавка на мазут, каде принципите на пропорционалност, конкуренција, еднаков третман и недискриминација на економските оператори не се почитувани во постапката.
Можеби ќе ве интересира
Скопје погодено од невреме, штети од силен ветар, дожд и град

Се затвори најпознатото кафуле во Струмица по 11 години работа

Реџепи: Чаир е на 19-то место по број на дивоградби

Утре протест на родителите во Кочани за неселективна правда, мајката Верица повика на масовност

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ бираат помеѓу двајца можни кандидати за градоначалник на Скопје

Бегство од Македонија: За 24 часа „се иселил“ цел град
Здравствениот инспекторат не утврди грешка за смртта на тригодишниот Блаже
