ЦК „Марко Цепенков“ Прилеп На 22 април, вторник, со почеток во 19.00 часот, во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи целовечерен концерт под наслов „Враќање“, на кој ќе настапи Трио Интерарт. Ова трио го сочинуваат: Емилија Ристевска Стефановска на флејта, Александар Стефановски на флејта и Татјана Божиновска на пијано. На програмата ќе бидат изведени дела од композиторите D. Schostakovich, E. Doppler, S. Petrovski, A. B. Furstenau и B. I. Clarke.
The post Концерт на Трио Интерарт во Прилеп appeared first on 365.mk.