Балканленд

Халид Бешлиќ: „Жена ми имаше тумор и затоа не можевме да имаме уште деца“

Неодамна познатиот балкански фолк пејач Халид Бешлиќ сподели неколку детали од приватниот живот, кој што можеби јавноста не ги знаела досега. Тој се осврна на врската со сопругата Сејда со која е во брак повеќе од 40 години.

„Не ја запознав жената на настап. Во една кафеана каде што настапував, на влезот во Сараево… таму работеше мојата сваќа, таа беше готвачка, а ме запозна со жена ми. Таа не излегуваше по кафеани. Кога се запознавме, видов дека тоа е тоа, се забавувавме половина година и веднаш потоа се венчавме. Па, работиме толку години и до ден денес. Имаше тешки години во нашата врска, но надминавме се. Кога бевме помлади беше некако нормално“, изјави Халид.

Тој меѓудругото открил и за тажната приказна со која тој и неговата сопруга се соочувале и бореле истовремено – тумурот на јајниците кај неговата сопруга.

„Не го почувствував моментот кога бев татко. Имам едно дете. Мојата сопруга имаше проблеми со јајниците и поради тоа не можевме да имаме повеќе деца. Имаше тумор на јајниците, го решивме со операција. Ништо никогаш не им недостигало… Постојано патував, работев… не можеш да се занимаваш со музика и да си дома цело време, затоа велам дека тие моменти не ги почувствував на вистински начин“.

А во разговор за српските медиуми открива и дека понекогаш многу му недостасуваат колегите и дека често кафето го пие сам.

„Ми недостига младоста! Времето минува… нема да се врати, но ми недостига мојата младост. Што се однесува до колегите, многу ми недостигаат… Мојата генерација полека нè напушта, немате со кого да пиете кафе сега. Таму има и помлади, но не сакам да бидам со нив. Најмногу ми недостигаат Кемал Монтено и Давор… Бев многу близок со нив. Се разделив со нив. Кафанџии бевме, ми недостигаат…“, изјавил пејачот.

Можеби ќе ве интересира: