Инциденти по прославата на навивачите на ПСЖ: Тројца повредени, едно лице во критична состојба
За време на уличната прослава на навивачите на Пари Сен Жермен, откако клубот обезбеди пласман во финалето на Лигата на шампионите, три лица се повредени, од кои едно се наоѓа во критична состојба.
Според неименуван полициски извор, лицата биле прегазени од автомобил во близина на Елисејските полиња, а околностите на инцидентот сè уште се истражуваат, јавува „BFM TV“.
Полицијата соопшти дека се извршени 44 апсења во текот на вечерта, поради низа помали инциденти низ градот. Од обвинителството во Париз информираат дека најчести причини за приведување биле физички пресметки и напади врз полициски службеници.
Во немирите лесно била повредена една полициска службеничка, а притоа биле оштетени и неколку возила.