„Специјалниот“ предизвика неколку скандали откако седна на клупата на Фенербахче, а сега тој е причина и за нова бура во фудбалска Турција.
Првиот човек на дисциплинската комисија при ФФТ, Челал Нури Демиртурк како и неговите најблиски соработници, си поднесоа оставки откако во јавност протекоа пораки со кои го таргетирале Жозе Мурињо.
„Ќе си плати убаво за ова следната сезона. Премногу го толерираме“ – се вели во една од пораките.
Изминатава сезона, Жозе Мурињо во неколку наврати ги критикуваше судиите но и челницит ена турскиот фудбале дека се пристрасни кон Галатасарај, а имаше и неколку други испади поради кои беше казнуван.
ФОТО: X/Fenerbahçe SK