logo
logo
logo

Таравари го разреши Фетаи и најави соработка со ДУИ за локалните избори

Vecer | 25.05.2025

Таравари го разреши Фетаи и најави соработка со ДУИ за локалните избори

На вонредното собрание на Алијансата на Албанците од крилото на Арбен Таравари, беше разрешен шефот на партиското Собрание, Арбен Фетаи. Одлуките за расчистување со нелојалните кадри доаѓаат неколку дена откако дел од високите функционери на оваа партија се спротивставија на неговата одлука да ја напушти Владата и коалицијата ВРЕДИ.

За нов претседател на Собранието на Алијансата е избран Назим Таипи.

„Исклучивме и некои членови на Претседателството кои веќе јавно се изјаснуваат против Алијансата за Албанците. За Мимоза Муса одлуката не беше донесена, бидејќи не беше добро дефинирана пораката од неа, дали останува со Алијансата за Албанците, или останува со ВРЕДИ, немаме јасна порака“, рече Таравари.

Таравари го повтори ставот дека на Собранието била потврдено одлуката партијата да ја напушти Владата и самостојно да се натпреварува на локалните избори во октомври. Таравари вели дека на локалните избори ќе соработува и со ДУИ и со ВРЕДИ, па така наброја дека во Битола, во Кичево, во Брвеница, во Чашка, во Преспа и во Бутел ќе соработуваат и со ДУИ и со ВРЕДИ бидејќи само така можат да им помогнат на Албанците.

Таравари не исклучи во другите општини соработка со која било опозициска политичка партија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk