Англија
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал

Кристал Палас претрпе тешки порази од Манчестер Сити и Њукасл на натпревари на кои прими по пет гола, но по ремито со Борнмут, вчера освои бод и на тешкото гостување на „Емирејтс“.
Гостите во два наврати се враќаа и успеаја да израмнат на 1:1 и 2:2, а по епилогот во кој Кристал Палас беше поблиску и до трет гол, менаџерот Оливер Гласнер откри и дел од својата тактика за натпреварот во Северен Лондон.
Во својата исцрпна анализа која ја направил заедно со своите членови од стручниот штаб, на играчите посебно им било нагласено да го таргетираат голманот Давид Раја, односно постојано да гледаат дали е излезен од голот во обид да стигнат до лесен гол.
Кристал Палас постигна гол токму на таков начин преку Матета за 2:2, но мора да се напомене дека шутот на напаѓачот беше вистинска мајсторија, без оглед на Раја што беше надвор од позиција.
– Морам да признаам дека ова што се случи ни беше подготовено од анализата на противникот. Им покажавме на моите играчи дека Раја често е надвор од своето место и дека е високо поставен во шеснаесетникот. Три пати имавме шанса да го лобуваме, а на Матета му успеа. Неговата завршница беше извонредна, но знаевме дека можеме да постигнеме гол на ваков начин, – откри Гласнер.
Still can't get over this Jean-Philippe Mateta finish 🤯#CPFC pic.twitter.com/I3FAoQn0NZ
— Crystal Palace F.C. (@CPFC) April 23, 2025
-
Шпанија18 часа
Светски шампион на Франција распали по Јамал: Тој е неподнослив, не можам да го гледам!
-
Свет22 часа
Адвокатот на Ивановиќ го потврди разводот меѓу Ана и Бастијан и ја посочи главната причина за разделбата
-
Македонија20 часа
Еурофарм Пелистер му го довери проектот на нов шпански стручњак: Амбициозен тренер пристигна во Битола (Фото)
-
Свет21 час
Челси пронајде соломонско решение за да го продаде Жоао Феликс
-
Лига на шампиони23 часа
ВАР комедија во ЛШ: Звезда постигна гол, подвлечената „офсајд црта“ стана вирален хит (Видео)
-
Шпанија20 часа
Шукер: За мене има една поголема работа и од Светско првенство
-
АТП23 часа
Ѓоковиќ одмора во друштво на две хрватски легенди и претседателот на УЕФА (Фото)
-
Свет15 часа
Мурињо со нова „отровна стрела“ кон Гвардиола: Ако умираш со својата идеја, тоа значи дека си глупав!