На пристаништето во Солун запленет 81 килограм кокаин

Во контејнери со свежи банани што од Еквадор пристигнале на пристаништето во Солун, бил откриен 81 килограм кокаин, што се проценува дека е во вредност од околу 2.250.000 евра, соопштија од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ.

Поконкретно, инспекторите на ААДЕ при вршење редовни проверки на примероци со помош на рендген откриле сомнителна органска супстанција во машините за ладење на два контејнери со свежи банани, по што бил откриен кокаинот.

Ова е втор ваков случај во Солун во период од една седмица, откако Крајбрежната служба на Грција на 9 мај во механизмите за ладење на ладилник-контејнер со легален товар банани, со потекло од пристаништето во Еквадор, пронајде 50 пластични пакувања со дрога, најверојатно кокаин, со вкупна бруто-тежина од 57 килограми и 919,6 грама, што е во вредност од околу 1,6 милиони евра.

Пронајдете не на следниве мрежи: