Свет "ФАЈЗЕРГЕЈТ"

Урсула Фон дер Лајен изгуби: Судот донесе одлука, Европската Комисија ги прекршила правилата за транспарентност во „Фајзергејт“

ЕК ги прекшила правилата за транспарентност на ЕУ со одбивање на барањето на новинарите за пристап до СМС-пораките помеѓу Фон дер Лајен и директорот на Фајзер.

Урсула Фон дер Лајен изгуби: Судот донесе одлука, Европската Комисија ги прекршила правилата за транспарентност во „Фајзергејт“

Највисокиот суд на ЕУ ја поништи одлуката на Комисијата да му забрани на весникот „Њујорк тајмс“ пристап до пораките разменети меѓу претседателката Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на фамацевтската компанија Фајзер, Алберт Бурла, откривајќи дека извршната власт на ЕУ не успеала веродостојно да објасни зошто не ги поседува текстуалните пораки.

Според оценката на Судот со седиште во Луксембург, Европската комисијата „не дала веродостојно објаснување за да го оправда“ одбивањето на барањето на новинарот за пристап до текстуалните пораки.

Случајот произлезе од тужба од 2023 година поднесена од весникот „Њујорк тајмс“, откако ЕК одбила да ги достави на увид СМС-пораки разменети меѓу Фон дер Лајен и Бурла од 2021 година, со кои се договарала набавката вакцини во екот на пандемијата на Ковид-19 низ Европа.

To top