logo
logo
logo

Карни во посета на Европа со цел да ги зајакне врските со „доверливите сојузници“

Vecer | 18.03.2025

Карни во посета на Европа со цел да ги зајакне врските со „доверливите сојузници“

Одлуката на Карни да ги посети Париз и Лондон наместо Вашингтон, како што е вообичаено за канадските лидери, уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп ги ескалира трговските тензии и со Канада и со Европа и се заканува со анексија на Канада.

- Поважно од кога било за Канада е да ги зајакне своите врски со доверливи сојузници како Франција, истакна Карни пред работниот ручек со претседателот Емануел Макрон во Елисејската палата, додавајќи оти Канада е „најевропската од неевропските држави“.

Додека Макрон алудирајќи на Трамп посочи дека „Канада е добар пример за земја, која ги штити националните интереси додека соработува на светската сцена.

- Мислам дека и двајцата веруваме дека правичната трговија, која ги почитува меѓународните правила, е добра за сечиј просперитет и секако е поефикасна од царините, истакна Макрон.

Карни по средбата со Макрон отпатува во Лондон каде се сретна со британскиот премиер Кир Стармер и кралот Чарлс Трети.

- Американскиот претседател Доналд Трамп мора да престане да дава непочитувачки коментари за Канада, пред двете земји да започнат сериозни разговори за идните врски, наведе Карни.

Тој потенцира дека Канада е подготвена за посеопфатна дискусија и преговарање за севкупните трговски и безбедносни односи помеѓу двете земји. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk