Динамо потврди: Стефан Ристовски си замина од „Максимир“

Стефан Ристовски и дефинитивно во иднина нема да ги брани боите на Динамо Загреб откако хрватскиот вицепрвак објави дека нема да го продолжи договорот на македонскиот интернационалец.

Десниот бек имаше крајно промениливи игри во текот на сезоната, па во период кога новиот претседател Звонимир Бобан прави сериозен ремонт во играчкиот кадар Ристовски е меѓу оние кои не добија продолжување на соработката.

„По четири и пол години македонскиот дефанзивец Стефан Ристовски (33) ја заврши својата кариера во Динамо. Тој одигра 185 официјални средби, постигнувајќи седум гола и 21 асистенција. Навивачите на Динамо го прифатија уште од почетните денови пред се поради силната енергија, ангажман и страст. На теренот секогаш гордо го носеше дресот на Динамо и на крајот стана еден од ко-капитениите на Динамо. Целиот клуб му се заблагодарува на Стефан за се што стори и му посакуваме многу среќа и успех во натамошниот дел од кариерата“, објави Динамо Загреб.

Се вчитува...